ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НАШАТА ОРДИНАЦИЈА

 

Поликлиника од специјалистичко консултативна здраствена дејност по ортопедија со еходијагностика и интерна медицина-пулмологија.

 

 

Нашите доктори

Д-р ГОРАН ВИДОЕВСКИ

Ортопедски хирург

Mедицински факултет и специјализација по ортопедија завршил на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. 30-тина години работи како специјалист ортопед, прво на Клиниката за ортопедија во Скопје, а од 2000 год. во својата приватна ординација ПЗУ Ортомедика. Има повеќе престои (Берлин и Касл, New Orleans,  Салцбург) со цел потесна специјализација во областа на детската ортопедија, особено развојните аномалии на детскиот колки и во оваа област има големи познавања и поголем број од пациентите (70 %) се деца.


УСЛУГИ:

  • Преглед на новородени и доенчиња со ултразвучна дијагностика
  • Прегледи на деца и возрасни
  • Ултразвучна дијагностика на заболувања и повреди на локомоторниот апарат
  • Интраартикуларни инекции
  • Блокади
  • Преврски на рани
  • Домашна посета на неподвижни пациенти

Прим. м-р сци АНИ ВИДОЕВСКА

спец. интернист и пневмофтизиолог

Медицински факултет и специјализација по пневмофтизиологија и интерна медицина завршила на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. 22 години работен стаж во Институтот за белодробни заболувања и ТБ во Скопје каде 2005-2006 год на функцијата директор, а 15 години искуство како раководител на одделението за функционална дијагностика и кинезитерапија. Има повеќе студиски престои и едукации во Словенија, во Институтот во Голник, во Белград, Варшава, Истанбул, коавтор е на 2 книги. Од 2010 год. работи во ПЗУ Д-р Ани Пулмомедика, а од 2014 год. е како организациона единица на ПЗУ Ортомедика.


УСЛУГИ:

  • Дијагностика и третман на заболувања на дишниот систем
  • Испитувања на белодробната функција
  • Алерголошки испитувања
  • Дневна болница и домашна посета
  • Кислородна терапија
  • Превенирање на белодробни и други заболувања
  • Помош во одвикнување од пушење, контрола на телесна тежина…

Нашата ординација

  • 52585293_308905843102903_6141227449964298240_o
  • 53110913_308905836436237_1332385235601457152_o
  • 52794031_308905766436244_2969729328360718336_o
  • 52823443_308905756436245_6983207796380532736_o
  • 52494470_308905743102913_4519250814614634496_o
  • 52905705_308905679769586_9161013831885914112_o

Што кажаа пациентите за нас:

” Двете деца ги носевме кај Д-р Видоевски, уште на 1 месечна возраст. Ги добивме сите информации и практични совети за нормален и правилен развој. “

woman-avatar-4
Пациент

” Се што ни кажа и не научи  Д-р Видоевски ни беше од голема корист како млади родители. Тој однапред  не припремаше за она што следеше во растот на нашиот син. “

woman-avatar-4
Пациент 

” болките во коленото кои ги имав цел месец  беа се поголеми, движењето ми претставуваше тешкотија. Се плашев дека можеби ќе треба операција за вештачко колено. Ги направив потребните испитувања кои ги препорача докторот и потоа ги следев неговите препораки за терапија. Болките исчезнаа, слободно се движам.. “

woman-avatar-4
Пациент